Tрофејниот тренер веќе долго време е во клубот, а поранешниот играч Стив Мекманаман смета дека Бундеслигата повеќе го привлекува.
Јирген Клоп го врати Ливерпул во врвот на англискиот фудбал. Минатата година ја освои и Европа, а оваа е на само две победи од шампионската титула во Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стив Мекманам смета дека е можно Клоп наскоро да замине од Ливерпул.
„Мислам дека Јирген го обожава Ливерпул и Премиер лигата, но можам да го замислам како се враќа во Германија и го превзема Баерн. Начинот на кој се води тој клуб и начинот на кој на него гледаат сите германски тренери ми кажува дека тоа е реално. Ми изгледаше дека Баерн е во пад, но сега има одлична екипа која има искусни играчи, но и млади талентирани. Од друга страна сигурен сум дека не го интересираат, ниту Реал, ниту Барселона“, изјави Мекманаман.