Дома Македонски спорт Мак баскет МЗТ лесно се справи со Сутјетска и дојде чекор поблиску до АБА лигата

МЗТ лесно се справи со Сутјетска и дојде чекор поблиску до АБА лигата

Првиот од трите потребни чекори за враќање во јадранската елита е направен, откако МЗТ вечерва, по голема борба и пред прекрасната публика, ја совладаа Сутјеска (73-68), во четвртфиналето од завршницата во НЛБ АБА2 лигата која се игра во „Јане Сандански“.

МЗТ можеби немаше убедливо водство но го контролираше натпреварот во сите 40 минути и не дозволи на ривалот воопшто да помисли на некаков изненадување.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кристијан Николов со 17 поени и шест асистенции беше прво име во сино-белата чета, додека веднаш зад него беа Војдан Стојановски со 15 поени и Хуан Дејвис со 11 поени. За одбележување е и настапот на Дамјан Стојановски со девет поени и осум скока.

Противник на МЗТ во задутрешното полуфинале (21 часот) ќе биде подобриот од вечерашниот последен четвртфинален дуел помеѓу Широки и Спарс.

Фото: МЗТ Скопје

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија повторно остана без Евробаскет

Македонската кошаркарска репрезентација загуби убедливо од Естонија со 84-65 и остана без …