Дома Македонски спорт Мешковска револтирана: Се уништи најздравиот спорт за секое дете – трошок им е затоа базенот не работи!

Мешковска револтирана: Се уништи најздравиот спорт за секое дете – трошок им е затоа базенот не работи!

Непријатно изненадување беше денешната вест дека се затвара базенот во Карпош кој е во склоп центарот на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Ова секако најмногу ќе ги погоди пливачите на клубовите. На социјалните мрежи својот став го изнесе нашата поранешна пливачка, Наташа Мешковска. Образложението е дека базенот е затворен поради дефект или енергетската криза во државата, но ретко кои верува во тие две сценарија.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Денес се затвори под клуч и единствениот пливачки објект кој функционираше за клубовите и граѓаните, базенот Карпош. Со тоа и официјално се уништи најздравиот спорт за секое дете, за секој човек, пливањето. Спорт во кој имаше врвни резултати и нацијата беше горда на тоа. Образложението е дека има дефект, но никој не верува во тоа. Трошок им е. Затоа нема да работи. Бидејќи спортскиот центар БТ е под капа на Владата, ја повикувам новата влада и новиот премиер да се заложат и да најдат начин базенот повторно да се стави во функција. Ова е срамно и крајно неодговорно од страна на раководството и сите надлежни кои раководат со центарот. Неспособни кадри, поставени партиски, кои воопшто не ги интересира ни спорт, ни рекреација, само личен интерес. Уништивте и тоа малку што беше оставено во наследство од нашите родители и предци. Базените се градени од самопридонес на граѓаните на оваа земја. Платени сте да работите, а не да затварате“, порача Мешковска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…