Дома Македонски спорт Мак ракомет Металург со гостинска победа, падна Чеховски Медведи

Металург со гостинска победа, падна Чеховски Медведи

Ракометарите на Металург ја остварија првата гостинска победа во Лигата на шампионите откако со 32:26 славеа на гостувањето кај Чеховски Медведи.

Првиот дел од мечот донесе израмнета игра на двете страни, во која Чеховски Медведи имаше предност од еден или два гола, а во финишот Металург успеа да ја анулира негативата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Домачинот подобро влезе во вториот дел создаде два гола предност (19:17) во 34-та минута, кога започна серијата на Металург. Предводени од голманот Томовски, играчите на Александар Јовиќ го подигнаа нивото на игра во одбраната и во наредните 12 минути со серија од шест гола го презедео водството (19:23).

До крајот на мечот Металург рутински ја сочува предноста за конечен триумф 32:26.

Голманот Томовски имаше 11 одбрани, а најефикасни беа Јагањац со 9, Пешевски со 6 и Анѓелиќ со 5 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…