Денес Меси ја имаше првата прес-конференција како фудбалер на ПСЖ откако вчера го потпиша договорот до 2023 година.
Меси е среќен во новиот клуб и се надева на големи работи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тешко беше што ја напуштив Барселона, но сега сум среќен во ПСЖ кој има фантастичен тим. Раководството беше сериозно откако Барселона во четвртокот ми ја соопшти одлуката. Добив фантастичен пречек, едвај чекам да почнам со новите соиграчи“.
„Мојата цел е и понатаму да играм на високо ниво и да се борам за сите трофеи, посакувам повторно да го освојам трофејот во Лигата на шампионите“.
Мбапе и Нејмар?
„Среќен сум што ќе играм со нив, ќе биде фантастично да го делам теренот. Ќе играм со најдобрите и тоа секако е добро“, изјави Меси.