Дома Фудбал Репрезентации Меси славеше со Аргентинците и повторно ги налути навивачите во Париз 🎥

Меси славеше со Аргентинците и повторно ги налути навивачите во Париз 🎥

Во последно време се погласно се пишува за заминување на Лионел Меси од Париз, навивачите не се задоволни од она што го покажува во дресот на „светците“, посебно не кога тие настапи ќе ги споредат со она што го прикажуваше во дресот на Аргентина на Мундијалот.

Вчера на „Монументал“ во Буенос Аирес 80.000 наваивачи ги поздравија актуелните светски шампиони во нивниот прв натпревар по освојувањето на трофејот во Париз. По натпреварот со Панама имаше и славје на фудбалерите заедно со навивачите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тогаш во тие моменти на славје се случи момент кој привлече внимание.

Имено, Меси заедно со соиграчите и навивачите пееше: „Минута молк за …Бразил е мpтов, минута молк за…Франција е мpтва“.

Секако се алудираше на настаните од Светското првенство, меѓутоа тоа може да придонесе големо незадоволство во Париз каде што Меси треба да се врати по репрезентативните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…