Цели десет години двајцата најдобри фудбалери во светот, Лионел Меси и Кристиано Роналдо беа големи ривали како главни ѕвезди на Барселона и Реал Мадрид.
Двајцаја ја одбележаа цела деценија, а со оглед на фактот дека играа за два големи ривали во иста лига, нивното ривалство доби на интензитет.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меси отворено зборуваше за неговиот „специјален“ дуел со Кристиано Роналдо, кој ќе остане запаматен секогаш откако неговиот ривал си замина во Серија А.
„Тоа беше специјален дуел и ќе остане засекогаш, бидејќи траеше толку долго, а не е лесно да се заддржи високо ниво толку време. Покрај тоа, тимовите во кои игравме исто така бараа многу, Реал Мадрид и Барса, двата најголеми клубови на светот. Тоа што бевме на еднакво ниво толку години, мислам дека тоа ќе остане засекогаш. Спортскиот дуел беше исто толку добар на лично ниво, и мислам дека љубителите на фудбалот добро се забавуваа“, вели Меси.
„Секако, кога Кристиано беше во Реал Мадрид тие мечеви секогаш беа посебни. Против Реал секогаш е интересно да се игра, но со Кристиано беше поинаку. Но, тоа е етапа која ја поминавме во нашите кариери и сега гледаме кон иднината“, додаде Аргентинецот.