Барселона ова лето ја очекуваат големи промени во екипата, а каталонскиот клуб најави дека ќе има многу нови засилувања, но многу и заминувања од екипата.
Главната цел на Барселона е Лионел Меси да потпише нов договор со клубот, а потоа управата на клубот ќе оди во потрага по нови играчи. Познато е дека Меси е клучот на Барса, а често се прашува и за совети во врска со новите засилувања на тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми денеска пренеуваат вест дека Меси има желба Барселна летово да го донесе играчот на ПСЖ, Анхел Ди Марија. Поранешниот играч на Реал Мардид пред неколку години беше мета на Каталонците, но тогаш ја одби Барселона и премина во „кралскиот“ клуб.
Меси и Ди Марија се многу добри пријатели и ѕвездата на Барселона јасно стави знаење до управата на клубот да го дадат својот максимум за доведување на играчот. Доколку ПСЖ се согласи за трансфер, Ди Марија би ја чинел Барселона околку 40 милиони евра.