Лионел Меси му пружил поддршка на својот голем пријател Луис Суарез кој по шест години ја напушти Барселона.
Луис Суарез стана трет најдобра стрелец во историјата на клубот (198 голови на 283 натпревари), но Барселона буквално го избрка.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ќе ми биде тешко што повеќе нема со тебе да ги поминувам деновите, на теренот и надвор од него. На сите ќе ни недостигаш. Поминавме многу години заедно, тој период кој никогаш нема да го заборавам“.
„Ќе биде чудно да те гледам во друг дрес, уште почудно ќе биде кога ќе играм против тебе. Заслужи да заминеш како еден од најважните играчи во историјата на клубот, постигна толку многу со тимот, а не да бидеш „избркан“ на начин на кој што тие тоа го направија. Но, вистината е дека во овој момент ништо не може да ме изненади. Ти посакувам се најдобро. Те сакам, се гледаме наскоро пријателе“,напиша Меси на Инстаграм.