Еден од најдобрите фудбалери во историјата сеуште не го продлжил договорот со Барселона.
Иднината на Меси е една од главните теми во сите светски медиуми, неговиот сегашен договор со Барселона истекува на крајот на оваа сезона. Иако од Барселона убедуваат дека клубот и Аргентинецот се договориле изгледа дека сепак не е така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси има услов кој бара да биде исполнет за тој да потпише нов договор, а тој услов е да биде засилена напаѓачката линија на тимот.
Бразилецот Фелипе Кутињо долго време беше голема желба на Барселона, но Ливерпул не сакаше да го пушти својот најдобар фудбалер, па тој остана на „Енфилд“. Но, неодамна сите шпански медиуми пренесуваа дека Антоан Гризман се договорил со Барселона и пристигнува наредното лето.
Можеби токму Гризман е доведен по барање на Аргентинецот, а како се ќе се заврши останува времето да покаже.