Латуаро Мартинез веќе долго време се поврзува со Барселона, низ медиумите констатно изминатиот период се појавуваат информации за преговори помеѓу двата клуба.
Барселона сака да го доведе Мартинез како играч кој би го заменил Луис Суарез кој полека влегува во посериозни фудбалски години. Се уште не е ништо потврдено, меѓутоа Каталонците изгледа работат на случајот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најголемите адути на Барселона е Лионел Меси кој со Лаутаро игра во репрезентацијата. Сега човекот кој го пронајде Мартинез во Расинг, Адријан Рубен Фернандез тврди дека Барселона преку Меси го убедила Лаутаро.
„Меси му се јави и му кажа дека сака да игра со него во Барселона. Поради тоа мислам дека е блиску да потпише, очекувам добро да се снајде во Барселона, сигурно ќе биде добра замена за Суарез. Лаутаро може да биде негов идеален наследник“, изјави Фернандез.
Инаку, ќе потсетиме Меси и јавно во една изјава кажа дека Лаутаро е играч кој го цени и со кој би сакал заедно да игра и на клупски план.