Дома Фудбал Репрезентации Меси и друштвото сигурни против Венецуела

Меси и друштвото сигурни против Венецуела

Во еден резултатски неважен натпревар Аргентина на познатата „Бонбоњера“ во Буенос Аирес ја совлада Венецуела со 3:0 во рамките од јужноамериканските квалификации за Светското првенство Катар.

„Гаучосите“ лесно влегоа во натпреварот. Не напаѓаа многу пред преполните трибини, трпеливо ја чекаа шансата пред голот која конечно се укажа во 34. минута. После лошата интервенција на одбраната на Венецуела топката дојде до Де Паул кој одлично го проигра Нико Гонзалес. Асот на Фиорентина од непосредна близина ја доведе Аргентина во водство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во продолжение гледавме доминација на домаќините. Се разигра Меси, а екипата дополнително ја поттурна и влегувањето на Анхел Ди Марија. Токму асот на ПСЖ во 79. минута го искористи додавањето од Де Паул и со совршен лоб ги доведе Аргентинците на плус два.

Точка стави Меси. Во петерецот со центаршут го пронајде Ди Марија, а тој со својот 81 гол за националниот тим погоди за конечни 3:0. За Аргентина ова беше 30. натпревар во низа во кој не претрпеа пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…