Лионел Меси веќе една недела е главна тема откако официјално побара трансфер од Барселона и реши да го напушти „Камп Ноу“ после цели 20 години.
Меси сака да го раскине договорот со Барселона бидејќи влезе во последната година и да си замине како слободен играч, па влезе во отворена „војна“ со каталонскиот гигант.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И понатаму не е јасно дали ќе замине како слободен фудбалер, иако има клаузула вредна 700 милиони евра, која уште е активна според Ла Лига.
Како следна дестинација на Меси се споменува Манчестер Сити, но во игра се уште ПСЖ, Интер и Јувентус.
Италијанските медиуми објавија дека управата од Торино го контактирала таткото на Меси, но негов ангажман нема да биде лесен, односно Јуве мора да исполни два услови.
Еден од нив е да го понуди Пауло Дибала на Барселона доколку се решат на трансфер, а вториот е неверојатен и го вклучува Кристиано Роналдо, односно тие ќе мора да го продадат.
Вакво сценарио е невозможно според многумина, па Јувентус најверојатно ќе се повлече од борбата за потписот на Меси.