Дома Фудбал Останато Меси за прв пат од заминувањето на Роналдо конкретен: Реал е послаб, Јувентс е фаворит за ЛШ

Меси за прв пат од заминувањето на Роналдо конкретен: Реал е послаб, Јувентс е фаворит за ЛШ

Повеќе ништо нема да биде исто на Пиринеите.

После скоро 10 години нема да видиме судар помеѓу Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Португалецот ќе се обиде на Јувентус да му ја донесе третата титула шампион на Европа после пет изгубени финалиња, а сега за таа ситуација зборуваше неговиот најголем ривал Лионел Меси.

„Неговото заминување го направи Реал Мадрид послаб, а Јувентус сега е фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Бев изненаден кога го напушти Реал, не можев да го замислам надвор од Мадрид“, изјави Аргентинецот во интервјуто за „Радио Каталонија“.

Ќе потсетиме, денес ФИФА ги објави кандидатите за играч на годината, а помеѓу тројцата номирани (Салах, Роналдо, Модриќ) не се најде Меси, за прв пат после 11 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инфлуенсерот вети дека ќе ја пушта косата додека Јунајтед не победи пет пати по ред – поминаа 345 дена (Видео)

Франк Илет, инфлуенсер и навивач на Манчестер Јунајтед познат на Инстаграм како „The Unite…