Лионел Меси е еден од клучните фудбалери на Барселона и неговото влијание на теренот, но и надвор од него е огромно.
Каталонските медиуми тврдат дека Меси е дел од групата фудбалери кои не се согласуваат со одлуката на раководството да биде продаден Филипе Кутињо. „Атлетик“ тврди дека група од влијателни фудбалери на Барса сакаат Бразилецот да остане на „Камп Ноу“, а наместо него да биде продаден Осман Дембеле.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона ова лето треба да направи барем една голема продажба за да го финансира трансферот на Нејмар, кој е примарна цел за Каталонците.
Кутињо, кој ова лето ќе се врати на „Камп Ноу“ се смета дека сигурно ќе биде продаден, а интерес за него има од неколку клуба од Премиер лигата.
Меѓутоа, Меси смета Кутињо ќе биде важен за тимот и треба да остане, а треба да биде „жртвуван“ Осман Дембеле.