Лионел Меси го прекина годишниот одмор за да се сретне со новиот тренер на Барселона Роналд Куман.
Шпанските медиуми на големо пишуваат дека Меси во последно време размислува да ја напушти Барселона. Наводно Аргентинецот е спремен за нов чекор во кариерата иако навивачите не веруваат во такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Куман поради целата ситуација побарал состанок со Меси. Аргентинецот одлучил да го прекине одморот и денес да се сретне со холандскиот стратег.
Откако ќе заврши состанокот со Меси, тренерот на Барселона ќе има разговор и со останатите играчи како Пике, Бускетс и Серхио Роберто после што ќе ги донесе своите први одлуки пред почетокот на новата сезона.
Промени сигурно ќе има, а ќе видиме како ќе игледа составот на Барселона во наредната сезона.