Дома Фудбал Меси ги откри своите приоритети и изненади многумина

Меси ги откри своите приоритети и изненади многумина

Лео Меси, напаѓачот на Барселона зборуваше за приоритетите на Каталонците во оваа сезона.

Аргентинецот истакна дека Лигата на Шампионите е важна, но дека Барса е голем клуб на кој му се потребни трофеи во Ла Лига и Купот на Кралевите кои се пред елитното натпреварување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Лигата на Шампионите е посебна, секогаш сакаме да ја освоиме, но сите знаеме дека Ла Лига е најважна, бидејќи не доведува да конкурираме во Лигата на Шампионите и Купот на Кралевите. Тешко е кога не ни оди во Примера и се обидуваш да се пронајдеш во Лигата на Шампионите. Не смееме да ја заборавиме Примера и Купот. Ние сме Барселона и ги сакаме сите трофеи“, изјави Меси.

Барселона во рамките на шпанската Лига и гостува на Мајорка во сабота од 21 часот, а по осум одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата со два бода помалку од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети: Доби два жолти картони и остана во игра

Фудбалската јавност остана изненадена по настаните на “Вембли”, каде фудбалеро…