Дома Фудбал Репрезентации Меси: Веќе некое време не сум целосно спремен

Меси: Веќе некое време не сум целосно спремен

Aргентинскиот напаѓач Лионел Меси изјави дека во натпреварот со Бразил не бил на очекуваното ниво затоа што се уште не влегол во вистински ритам.

„Гаѕучосите“ ремизираа без голови со најголемиот ривал и таак го обезбедија пласманот на Светското првенство во Катар 2022 година. Натпреварот во Сан Хуан не донесе премногу добар фудбал. Во таквата претстави се вклопи и Меси кој после мечот истакна дека не бил целосно спремен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Не играв долго, натпреварот со Бразил беше полн Интезитет, а мене ми е потребно време да влезам во ритам. Добро сум, но се уште не сум физички најспремен. Веќе некое време е така и не е лесно да се игра натпревар со таков интезитет. Сепак, се надевам дека годината ќе ја завршам на добар начин“, изјави Меси.

Откако минатото лето премина од Барселона во ПСЖ Меси не успева да ја пронајде вистинската форма. На осум натпревари за ПСЖ постигна три гола, но се уште чека на првенецот во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…