Новата сезона во Формула 1 конечно започнува на 5. јули после паузата од три месеци поради коронавирусот.
Сезоната требаше да започне на средината на март, но таа беше одложена поради пандемијата. Сепак, сега се создадени услови повеќето трки да бидат одржани, а новата сезона конечно започнува во неделата со трката за Големата награда на Австрија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред оваа трка се огласија од актуелниот првак Мерцедес кои открија дека ја промениле бојата на својот болид за новата сезона.
Имено, Мерцедес се вклучиле во борбата против расизмот и одлучиле како вид на поддршка нивните болиди во новата сезона да бидат во црна боја, а на нив да пишува „End Racism“.
Оваа идеја ја иницирал Луис Хамилтон, а од Мерцедес веднаш ја прифатиле и со тоа ја поддржаа борбата против расизмот.
??️? The call to ‘End Racism’ will feature on the halo of both of our cars in 2020, and #WeRaceAsOne will be featured on the mirrors of the W11. pic.twitter.com/KYIEFWmEU5
— Mercedes-AMG F1 (@MercedesAMGF1) June 29, 2020