Ако им веруваме на последните информации од Шпанија, Холанѓанецот Мемфис Депај сака да го напушти Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во Рома.
Италијанскиот „Калчомеркато“ пренесува дека Депај се понудил на Рома. Холанѓанецот е без ангажман, но и покрај тоа самостојно тренира со цел да остане во форма.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
За Рома тој би можел да биде интересен поради најавите за заминување на Паоло Дибала од Олимпико. Аргентинецот е блиску до трансфер во Саудиска Арабија, меѓутоа се уште ништо не е потврдено.
Засега не е јасно дали Рома би се обидела да го доведе Депај и ако Дибала на крајот сепак остане.