Изгледа дека Мино Раиола сепак успеал да издејствува договор на Донаума со Милан по негова „мерка“.
Доколку Милан оваа сезона не избори пласман во Лигата на шампионите, Џанлуиџи Донарума многу лесно би можел да го напушти клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот спортски весник „Газета дело Спорт“ пишува дека во случај Милан да остане без пласман во топ 4, Мино Раиола ќе реагира и ќе му обезбеди трансфер на Донарума.
Преддоговорот кој го потпиша Пепе Реина со Милан само ги зголеми шансите и гласините дека талентираниот голман може да замине, Шпанецот пристигнува на лето.
Добра вест за потенцијалните купувачи (сигурно ќе ги има) е дека цената би била навистина поволна. Имено, во договорот на Донарума стои клазула според која тој може да го напушти клубот за сума од 40 милиони евра во случај Милан да се натпреварува во Лигата на шампионите.
Таквата вест ја тврдат сите поголеми медиуми во Италија, но од друга страна пак од Милан негираат дека договорот на нивниот голман ја содржи споменатата клазула.