Хари Мегваер помина низ тежок период во Јунајтед во кој доби многу критики. Англискиот репрезентативец беше и преселен на клупата, меѓутоа потоа повторно се избори да биде стартер кај „црвените ѓаволи“.
Стандарден е Мегваер и во селекцијата на Англија со која го чека пријателскиот натпревар против Бразил. Пред овој натпревар дефанзивецот даде интересна изјава за медиумите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Благодарен сум на селекторот за поддршката која ја добивам и секој повик во репрезентацијата. Многумина ќе кажат дека не треба да играм, но има милиони кои сакаат да ме видат тука. Токму затоа фудбалот е прекрасен, секој има различно мислење“, изјави Мегваер.
Покрај Бразил, Англија во оваа репрезентативна пауза ќе игра и против Белгија.