Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе одбил астрономска понуда од клубот за да го продолжи договорот до 2024 година, пренесува „Паризиен“.
ПСЖ не жали пари за да го задржи и му понудиле да биде најплатен фудбалер во светот, односно 45 милиони евра по сезона.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со новиот договор Мбапе ќе заработува повеќе од другите две ѕвезди во тимот, Лео Меси и Нејмар, меѓутоа тој експресно ја одбил понудата.
Мбапе е јасен дека нема да го продолжува договорот со „светците“ и дека негова голема желба е да се пресели во Реал Мадрид.
ПСЖ ги одби сите понуди од „кралскиот“ клуб, последната од 220 милиони евра, па Мбапе е лут поради развојот на ситуацијата.
Мбапе цврст во намерата да се пресели во Мадрид, па одбил дури и да стане најплатен фудбалер во светот.
Via Le Parisien: PSG offered a contract renewal that would pay Kylian Mbappe €45 MILLION A SEASON 🤯
— International Champions Cup (@IntChampionsCup) August 31, 2021
Mbappe turned them down 🤔 pic.twitter.com/eW5R48zuLa