Како што се наближува летниот преоден рок така се погласни се шпекулациите за иднината на Килијан Мбапе, а на оваа тема пишуваше и новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингуито“.
Напаѓачот на ПСЖ одново е во центарот на вниманието откако жестоко распали по ПСЖ поради тоа што клубот користел негов видео материјал со цел да промовира продажба на билети.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еду Агире во емисијата објави дека Французинот сака да си замине и ако зависи само од него уште веднаш би го направил тоа.
„Мбапе ги известил неговите блиски соработници дека ако се зависи само од него ќе си заминее уште веднаш. Подолго време жали и се кае за потпишаниот договор во мај минатата година. Но, тој има договор со важност најмалку до 2024 година и сега ПСЖ треба да му даде дозвола“, пишува Агире.