Дома Фудбал Останато Мбапе нема да преговара, си ги бара сите пари од ПСЖ

Мбапе нема да преговара, си ги бара сите пари од ПСЖ

Килијан Мбапе ова лето го комплетираше трансферот во Реал Мадрид, но се  уште нема добиено дел од парите заработени во ПСЖ во последните три месеци од договорот со парискиот клуб, но и дел од договорениот бонус.

Капитенот на француската репрезентација бара од клубот 55 милиони евра за неисплатени плати и бонуси, а адвокатите на двете страни одржале состанок.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мбапе е решен да ги земе сите пари што му ги должи ПСЖ, откако не прифатил никаков дијалог ниту пак посредништво од страна на Француската професионална лига по денешниот состанок.

„Утрово беше споменато посредување. Оваа можност беше одбиена од претставниците на играчот. Посредувањето би било непотребно бидејќи неплаќањето може да се види од едноставна анализа на финансиите на играчот“, објавија од таборот на Килијан Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Само еден фудбалер бил подобар од Миовски викендов во Ла Лига 📸

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски викендов го одигра најдобриот натпревар од неговото при…