Килијан Мбапе сврте нова страница во кариерата откако потпиша за Реал Мадрид, но францускиот фудбалер уште има работа со ПСЖ.
Мбапе бара 55 милиони евра од ПСЖ кои францускиот клуб му ги должи. Фудбалерот ги известил Лига 1 и УЕФА за неговиот проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку одбие да му ги исплати парите кои му ги должи, ПСЖ може да се соочи со големи казни.
Лига 1 има моќ да му забрани на ПСЖ да прави трансфери додека не му ги врати парите на Мбапе.
А УЕФА може да му ја одземе лиценцата на ПСЖ за настап во нивните натпреварувања.
Се чини дека ситуацијата на ПСЖ е таква што повеќе им се исплати да му ги дадат парите на Мбапе кои му ги должат отколку да бидат тврдоглави.