Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе и компанија незапирливи – Монако ја комплетираше полуфиналната четворка во ЛШ

Мбапе и компанија незапирливи – Монако ја комплетираше полуфиналната четворка во ЛШ

Во вториот натпревар синоќа, тимот на Монкао само ја потврди победата над Борусија Дортмунд славејќи со 3-1, со што вкупниот резултат од овој двомеч е 6-3.

Мечот кој доцнеше пет минути поради зголемените безбедносни мерки, Монако го реши во првите 15 минути, кога најпрвин Мбапе, а потоа и Фалко го совладаа Бирки. До крајот на полувремето играчите на Борусија го погодија дирекот од голот на Субашиќ, а добри шанси не реализираа Ројс и Гереиро.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На стартот на вториот дел Борусија намали на 2:1 преку капитенот Ројс, кој ја заврши одличната акција на Дембеле.

Меѓутоа по постигнатиот гол играчите на Борусија не успеаја да создадат нова шанса за гол, а точка на мечот стави Жермен во 81.минута.

Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени во петок, во Нион. Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 2. и 3.мај, а реваншите на 9. и 10.мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти уште вечерва може да добие отказ!

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти вечерва ќе добие отказ доколку неговиот тим не оств…