Репрезентацијата на Франција лесно се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар откако денес ја совлада Полска со 3:1.
Од првите минути Франција беше подобрата репрезентација. Првата голема прилика ја имаше Жиру после половина час игра. Ако тогаш не погоди, Жиру погоди во 43. минута. Со тој гол напаѓачот на Милан стана најдобриот стрелец на Франција на сите времиња. (52 гола)
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште повеќе доминираше Франција во второто полувреме, а на сцена стапи и Килијан Мбапе. Голгетерот на ПСЖ со два гола во 74. минута 91. минута го реши прашањето на победникот.
Треба се спомене дека тоа беа осмиот и деветиот гол на Мбапе на Светските првенства со што стана најмладиот фудбалер во историјата кој стигнал до таа бројка на голови.
Почесниот гол за Полска го постигна Роберт Левандовски од пенал во последните секунди. Вечерва во терминот од 20:00 часот следи натпреварот Англија – Сенегал.