Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе замина за Мадрид, се очекува да игра

Мбапе замина за Мадрид, се очекува да игра

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе отлета заедно со остатокот од тимот за Мадрид каде утре ќе се игра реваншот од осминафиналето во ЛШ.

Натпреварот против Реал Мадрид ќе се игра утре на „Сантиаго Бернабеу“, а Мбапе беше под знак прашалник поради повреда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Французинот предвреме го заврши вчерашниот тренинг поради остар старт на Гаје и имаше повреда на глуждот.

Постоеше опасност Мбапе да не може да игра против Реал, но според последните информации, тој најверојатно ќе биде во стартниот состав утре.

Со тимот на ПСЖ отпатува и Серхио Рамос, кој сигурно ќе го пропушти дуелот поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Општ хаос на теренот во Англија: Никој не знаеше кој кого удираше, тупаници летнаа на сите страни

Натпревар во Англија заврши со целосен хаос и сцени кои ја шокираа Англија. Играчите, член…