ПСЖ вчера се пласираше во осминафиналето од Купот на Франција.
Парижаните со 0:4 беа убедливи против нисколигашот Ванес и така се пласираа во следната фаза. Натпреварот го отвори Кимпембе за во второто полувреме со три гола работите да ги реши Килијан Мбапе кој погодуваше во 59, 71 и 76 минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овој хет-трик Мбапе стигна до голем јубилеј – 200 голови во кариерата.
Најмногу постигна играјќи за ПСЖ (149), 27 постигна за Монако, додека 24 постигна во дресот на репрезентацијата на Франција со која го освои Мундијалот во Русија и минатото издание на Лигата на Нации.
Мбапе пред две недели наполни 23 години и секако ова за него е големо достигнување во кариерата. Како што сега стојат работите многу веројатно дека наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид каде што може да пристигне како слободен играч.