Дома Фудбал Останато Мбапе: Бев очаен, но ќе дојде повторно еден ваков ден…

Мбапе: Бев очаен, но ќе дојде повторно еден ваков ден…

ПСЖ вчера гостуваше кај Дижон и до победа пристигна потешко од очекуваното со 2:1.

Екипата од Париз успеа во последните секунди да дојде до погодок и новите три бода во многу лоша партија. Јунак против Дижон беше Муние кој ги постигна двата погодоци за ПСЖ, додека скапиот напад на гостите потфрли на вчерашниот меч.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ПСЖ беше ослабен во нападот бидејќи не играше Едисон Кавани, а Унаи Емери одлучи во нападот да го стави Килијан Мбапе. Сепак, ова 18-годишно момче не се снајде најдобро на оваа позиција и имаше доста промашувања против Дижон.

„Се обидов да постигнал погодок, но пропуштив многу шанси. Тоа не беше идеален меч за мене бидејќи не играв долго на оваа позиција и признавам дека бев очаен. На мене е да тренирам што повеќе бидејќи е јасно дека повторно ќе дојде ден кога ќе бидам на местото на Кавани“, истакна Мбапе по мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…