Дома Фудбал Лига на шампиони Мајкл Овен знае кој момент го одлучил натпреварот Звезда – Ливерпул

Мајкл Овен знае кој момент го одлучил натпреварот Звезда – Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул вечерва доживеаа пораз пред преполната „Маракана“ против Црвена Звезда.

„Црвените“ во рамките од четврото коло од групната фаза од Лигата на шампионите беа поразени од Црвена Звезда со резултат 2:0, што воедно е една од најголемите сензации во последно време во ова натпреварување.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Изненадувачкиот пораз на Ливерпул го прокоментира англискиот поранешен фудбалер, Мајкл Овен. Според Овен одлучувачкиот момент се случил во 17-тата минута кога Даниел Стариџ пропушти неверојатна прилика.

„Ливерпул го контролираше натпреварот во првите 20-30 минути. На крајот се одлучи промашувањето на Стариџ. Да ја искористеше таа прилика. Ливерпул сигурно не би го изгубил натпреварот“, изјави Овен кој самиот остави голема трага на „Енфилд“.

https://youtu.be/9CzGOm3iN7U

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…