Дома Останати Мајк Тајсон повторно во рингот!

Мајк Тајсон повторно во рингот!

Mајк Тајсон повторно се враќа во рингот.

Откако на крајот од ноември минатата година се бореше во егзибициски натпревар со Рој Џонс, кој на крајот заврши нерешено. Тајсон нема намера да застане и сака уште да се бори.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Железниот Мајк“ синоќа објави дека на крајот од мај повторно ќе се бори.

„На крајот од мај повторно ќе се борам, 29. или 31., нешто така, во ист ринг каде ти се бореше последен пат.“ – рече Тајсон во својот подкастдо мексиканскиот шампион Канел Алварез.

Канел својот последен натпревар го одработи на Хард Рок стадионот во Мајами и ќе биде интересно да се види со кој Тајсон ќе влезе во рингот.

Во последните неколку месеци се споменуваше нов дуел со легендарниот Евандер Холифилд, но се уште не е официјало потпишано.

Сепак, името на ривалот би требало да биде познат многу брзо и повторно ќе имаме шанса да уживаме во ударите на славниот Мајк Тајсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…