Немања Матиќ испрати писмо на поддршка до Новак Ѓоковиќ.
Деновиве Ѓоковиќ е мета на огромни критики од спортската јавност, причината е организацијата на „Адрија Тур“ каде што почнувајќи од Димитров се заразија неколку тенисери и други учесници. И самиот Ѓоковиќ заедно со неговата сопруга Јелена беа позитивни на вирусот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Матиќ сега преку јавно писмо го поддржа Ѓоковиќ.
„Гледам дека во последните денови се води хајка против Новак Ѓоковиќ кој го организираше турнирот во Белград, иако по законите на Србија се беше регуларно и организирано на високо ниво. Покрај тоа глувците излегоа од дупките и си дадоа за право да го критикуваат светскиот број еден во тенис. Но, не се грижам јас. Многу брзо мачката (Ѓоковиќ) ќе се врати на терен, а глувците во нивните дупки. Турнирот беше одличен и се надевам дека ќе стане традиционален затоа што нашиот тенис тоа го заслужува. Единствено што замерувам е што Ѓоковиќ се извинува на глувците кои го критикуваат без причина. Не, Ноле тие ќе ти се извинуваат тебе наскоро. Голем поздрав до сите од Манчестер“, стои во јавното писмо на Матиќ.