Дома Фудбал Италија Матераци: Одбраната на Милан е силна, но Икарди е Икарди!

Матераци: Одбраната на Милан е силна, но Икарди е Икарди!

Поранешната ѕвезда на „нероаѕурите“, Марко Матераци го најави миланското дерби меѓу Интер и Милан кое на програмата е овој викенд.

Легендарниот дефанзивец смета дека натпреварот на „Сан Сиро“ ќе го одлучи Мауро Икарди во полза на „нероаѕурите“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Кој ќе го одлучи дербито? Или Икарди или некој дефанзивец. Точно е дека одбраната на Милан е многу силна и многу подобра во однос на минатото дерби, но Икарди е Икарди“, изјави Матераци кој упати и критика на сметка на својот поранешен клуб.

„Фудбалерите на Интер мора да го прават тоа што го прави Милан под водство на Гатузо – да играат со срце. Ако се прашувам јас на играчите ќе им пуштам снимка од мечот против Киево кога победивме со 5:0, да видат што се случува кога ќе се остави срцето на терен“, смета Матераци.

Оваа сезона миланските гиганти веќе одиграа две дербија, тоа во Серија А им припадна на „нероаѕурите“, а во Купот славеа „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…