Денес во рамките од 10-тото коло од македонското фудбалско првенство Академија Пандев ја победи Шкендија со 0:1.
Во еден тврд натпревар без многу шанси гостите од Струмица се радуваа во Тетово. Единствениот гол на натпреварот го видовме во последните секунди од првиот дел кога Марио Маслаќ со глава погоди за 0:1.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На клупата на Шкендија ова беше прв натпревар за Ѓока и сигурно не може да биде задоволен од резултатот.
Со овој триумф Академија Пандев ќе биде лидер на табелата барем до утре кога Вардар ќе игра против Македонија Ѓорче Петров. Шкендија пак ќе остане на шестата позиција, а доколку победат Силекс и Ренова тогаш Тетовци ќе паднат во зоната за испаѓање.