Дома Фудбал Останато Маскерано откри зошто Меси е „од друга планета“

Маскерано откри зошто Меси е „од друга планета“

Долгогоришниот соиграч на Лионел Меси во Барселона и аргентинската репрезентација, Хавиер Максерано објасни зошто Лео се разликува од другите фудбалери.

Меси важи за еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, шест пати ја освојуваше „Златната топка“, па често фановите го опишуваат како играч од друга планета.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Кога зборувам за Лео, секогаш ги кажувам истите работи. Во фудбалот, одлучувањето и извршувањето се многу важни. Многу играчи донесуваат правилни одлуки, но не ги извршуваат на најдобар можен начин, или обратно“, истакна Маскерано.

„Тој прави се поинаку заради брзината со која игра. Покрај тоа, Лео знае како да ја контролира топката и тоа му овозможува да има седум, осум или десет добри шанси за време на еден натпревар. Ова е неговата способност да доминира во играта. Не дозволува играта да влијае на него, тој влиае на играта“, заклучи Маскерано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…