Аргентина вчера во спектакуларно финале на Мундијалот во Катар ја симна Франција од тронот и стигна до својата трета светска титула.
По едно луди финале кое заврши 3:3 после 120 минути, Аргентинците беа подобри во пенал серијата. Вистински херој за Аргентина беше Емилијано Мартинез кој во 123. минута одбрани чиста шанса на Коло Муани, а во пенал серијата одбрани еден пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во соблекувалната додека Аргентинците го славеа трофејот, Мартинез се истакна извикувајќи „минута молк за Мбапе“. Неговите колеги го послушаа и кратко ја прекинаа песната по што песната продолжи.
Ваквиот потег на Мартинез е како одговор на она што претходеше во текот на Мундијалот и пред почетокот.
„Јужноамериканските репрезентации се послаби од европските затоа што Аргентина и Бразил не играат натпревари како што се играат во Европа.
Фудбалот таму не напредуваше како во Европа. Тоа можеше да го видиме на последните светски првенства“, изјави Мбапе пред почетокот на Светското првенство.
Мартинез имаше што да му каже на младиот напаѓач пред почетокот на финалето.
„Мбапе не знае доволно за фудбалот и не треба да зборува такви работи. Никогаш не играл во Јужна Америка, па нема потреба и да коментира“, истакна Мартинез.
"A minute of silence for … Mbappe!" 😅
— ESPN FC (@ESPNFC) December 18, 2022
Emiliano Martinez during Argentina's dressing room celebration.
(via nicolasotamendi30/Instagram) pic.twitter.com/dwm3IrUNWG
Интересно е што Мартинез пред ваквата прослава на теренот го тешеше Мбапе.