Генералниот директор на Јувентус, Џузепе Марота потврди дека Милан е сериозно заинтересиран за Гонзало Игуаин.
Меѓутоа, предупреди дека трансферот не е лесен за реализација и дека се уште се на почетокот на преговорите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Новиот директор Леонардо одлично го познава Гонзало и сака да го донесе во Милан, меѓутоа има доста услови да се исполнат. Трансферот не е лесен, а ние сме на почетокот на преговорите“, изјави Марота.
Милан одбил Игуаин да биде вклучен во трампата со Бонучи бидејќи по секоја цена сака да го добие Калдара. Притоа, „росонерите“ одделно преговараат за Игуаин за кого „бјанконерите“ бараат 60 милиони евра.
Леонардо сака да ја намали сумата на 50 милиони евра, но проблем е што за Аргентинецот интерес покажува и Челзи.
Milan has rejected the idea of a Higuain-Bonucci swap from Juventus, because Milan only wants Caldara in exchange for Bonucci. [Sky] pic.twitter.com/0itXiT2A0T
— TheMilanBible (@TheMilanBible) July 27, 2018