Директорот на Интер, Бепе Марота пред вчерашниот натпревар на Интер против Лече (4:0) порача дека го иритираат коментарите на Ванда Нара и порача дека Мауро Икарди не е добредојден.
Интер одигра одличен прв натпревар и со добра игра запиша убедлива победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ уште после завршувањето на минатата сезона јасно кажаа дека Икарди не е во нивните планови и дека нема да биде дел од екипата, но досега Аргентинецот ја одби секоја понуда која пристигна за него.
Сопругата и агент на Икарди, Ванда неодамна гостуваше во една емисија и изјави дека Икарди ќе продолжи да ги одбива понудите за да остане за Интер.
„Коментарите на Ванда за нас се малку иритирачки поради тајмингот и методите. Исто така категорично можам да кажам дека никој во клубот не му кажал на Икарди да остане, посебно не претстедателот Стивен Жанг. Стратегијата која Интер ја превзема е прецизна јасно ја покажавме во овој преоден рок. Ќе продолжиме да работиме вака до крајот и никој во Интер не може да го промени заедничкиот пристап кои сите го делат“, изјави Марота.
Ова е уште една порака до Икарди дека не е добредојден во клубот, меѓутоа до крајот на преодниот рок нема уште многу (2-ри септември), па набрзо ќе дознаеме дали Икарди ќе пронајде нова средина.