Дома Топ вести Марота го „пречкрта“ половина тим на Интер

Марота го „пречкрта“ половина тим на Интер

Интер оваа сезона ја започна амбициозно, но на крајот повторно разочара, па сега ќе треба да се бори да го задржи третото место.

Поради тоа ова лето повторно ќе има големи промени на „Џузепе Меаца“, а директорот Марота планира да им ја отвори излезната врата на дури 10 фудбалери.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Прв на листата е Диего Годин, кој има скап договор, но не успеа да ги оправда очекувањата. Заедно со него од одбраната ќе заминат и Андреа Ранокиа и Квадво Асамоа.

Борха Валеро, Матијас Весино и Роберто Гаљардини се играчи од средниот ред кои ова лето ќе го напуштат Интер. Исто така клубот нема да ги откупи договорите на Виктор Мосес од Челзи, односно Кристијан Бираги од Фиорентина.

Марота се надева дека Локомотив Москва ќе го задржат Жоао Марио, а Њукасл Валентино Лазаро. Во Интер нема да има место и за Наинголан кој игра како позајмен играч во Каљари и Иван Перишиќ чии договор нема да го откупи Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ниту Фергусон повеќе не верува во Тен Хаг, легендата има свој фаворит

Maнчестер Јунајтед во последниот викенд во Премиер лигата ја продолжи лошата форма откако …