Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез денеска оствари нова победа во Мото ГП шампионатот и тоа во трката во Ле Манс.
Беше тоа трета победа по ред за Маркез кој уште еднаш докажа дека убедливо е во најдобра форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После новата победа и покачување на предноста во вкупниот поредок на возачите, Маркез порача дека е задоволен, иако трката не била лесна.
„Трката не беше лесна бидејќи сите беа доста близу. Кога излеговме на стазата видов дека е малку поразлично од вчера. Ниско беше нивото на приклучување и беше потребно време да се постигне потребната работна температура на пневматиците. Се трудев, притискав и на крајот успеав. Задоволен сум од тоа како заврши и што победив на стаза на која често се мачев.“ – рече Маркез.
Да потсетиме, бранителот на титулата сега има 36 бодови повеќе од второпласираниот Виналес на Јамаха, додека третиот Јохан Зарко има 37 бода помалку.