Шпанските медиуми пренесуваат дека Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го донесе играчот за врска на Севиља, Стивен Н’Зонзи.
Н’Зонзи игра фантастично во дресот на Севиља и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но најсериозен интерес покажува италијански Јувентус.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
„Марка“ тврди дека раководството на „старата дама“ е спремно во зимскиот преоден рок да ја активира откупната клаузула на ирачот која изнесува 30 милиони евра и да го донесе Н’Зонзи во Торино.
Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а Алегри смета дека Н’Зонзи ќе биде перфектен за неговиот стил на игра бидејќи е поливалентен фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред.
Проблем за „бјанконерите“ може да биде само големата конкуренција бидејќи фудбалерот е на радарот на Барселона, Челзи и Манчестер Јунајтед.