Дома Топ вести „Марка“ направи статија за талентите на „Ла Масија“ и не го заборави Давид Бабунски

„Марка“ направи статија за талентите на „Ла Масија“ и не го заборави Давид Бабунски

„Ла Масија“ важеше за убедливо најдобра фудбалска школа во светот голем број млади играчи токму тука се градеа во вистински ѕвезди, меѓутоа во последните години оваа академија бележи пад.

Реномираната „Марка“ во време кога има недостаток на фудбалски случувања во Европа поради коронавирусот потсети на 50. фудбалски таленти од кои многу се очекуваше. Во статијата на „Марка“ се најде и нашиот Давид Бабунски кој за жал не одеше по фудбалскиот пат по кој се очекуваше во минатото. „Марка“ нагласи и дека голем дел од тие 50 играчи немаа развој каков што се очекувал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На листата се имиња како: Белерин, Тиаго Алкантара, Серхио Роберто, Рафиња Алкантара, Траоре, Кеита Балде, Делофеу, Куенка, Кристијан Телјо…

Во делот за Бабунски „Марка“ напиша:

„Тој е фудбалер кој беше преокупиран со писма, сакаше да чита и пишува. Познато е писмото со кое се збогува од Барселоан во 2016 година. Играше три сезони во Барса Б, две во Секунда и една во Секунда Б. Од Барселона премина во Црвена Звезда, па играше во Јапонија за Јокохама Марино и Омија Ардија. Неодамна стана играч на романскиот Ботошани“, гласи описот на „Марка“ за Бабунски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…