Дома Фудбал Марка: Барселона договори зделка вредна милијарда и пол евра

Марка: Барселона договори зделка вредна милијарда и пол евра

По долги преговори, Барселона го реши проблемот со техничкиот спонзор. Каталонскиот гигант договори нов договор со Најк и ќе продолжи да ја носи опремата на тој гигант во следните десет години.

Најк за тие десет години ќе и плати на Барселона околу една и пол милијарда евра, објави Марка.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Веднаш по потпишувањето на договорот, Барселона ќе добие бонус од 150 милиони евра, а секоја сезона додека трае договорот, на сметката на каталонскиот клуб ќе лепат уште 125 милиони евра. Ова е голем чекор за Барселона, која е во историски голема финансиска криза во последните десет години.

Оваа криза беше најочигледна кога Дани Олмо пристигна од РБ Лајпциг ова лето и мораше да пропушти натпревари на почетокот на сезоната бидејќи Барселона не можеше да го регистрира пред да продаде некои од играчите за да го задоволи финансискиот фер-плеј.

Планот на претседателот Жоан Лапорта е целосно да ја стабилизира ситуацијата во следните две години, а договорот со Најк е еден од чекорите во таа насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопственикот на Манчестер Јунајтед за првпат се огласи за Тен Хаг!

Eкипата на Манчестер Јунајтед има катастрофален почеток на сезона, па така на големо се на…