Македонскиот фудбалер Марио Младеновски ја промени средината во овој преоден рок.
Младеновски е во Бугарија каде што ќе игра за Ботев Пловдив. Македонскиот стопер од летото играше во Данска каде што беше дел од второлигашот Дремад Амагер. Со овој клуб има договор до 2023 година, според информациите тој ќе биде позајмен во Боте Пловдив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За шест месеци за данскиот тим Младеновски одигра седум натпревари, а во Боте Пловдив ќе биде соиграч со Мите Цикарски.
Ќе потсетиме Младеновски македонската спортска јавност го запозна во дресот на Вардар од каде што си замина после кризата, имаше проба во Динамо Киев, но не потпиша договор со овој клуб. Зад себе има и настап за сениорската репрезентација на Македонија.