Како и што беше најавено претходно, денес Македонија Ѓорче Петров го промовираше Марио Младеновски.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младинскиот репрезентативец на Македонија ќе го засили тимот на „лавовите“ како позајмен фудбалер, а доаѓа од редовите на бугарскиот прволигаш Ботев Пловдив.
Со бугарскиот тим договорена е едногодишна позајмица.
Младеновски петекнува од школата на Вардар, имаше епизода во Данска во Фремад. Поради позитивен тест на ковид-19 не можеше да му се стави на располагање на селекторот на Младинците Драган Кантларовски.
Покрај Младеновски клубот го потврди и доаѓањето на Марио Крстовски.