Хрватскиот фудбалер, Марио Манџукиќ одбил да се пресели од Јувентус во Катар, бидејќи добил понуди во јануари да се пресели во Манчестер Јунајтед или Вест Хем.
Со доаѓањето на Сари во Јувентус, Манџукиќ повеќе не е потребен. Преговорите за трансфер во Катар беа во завршна фаза, но италијанските медиуми пишуваат дека сепак Манџукиќ одбил заработка од седум милиони евра годишно за да продолжи да игра на највисоко ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу извори тврдат дека имал сериозна понуда од Манчестер Јунајтед, а сега се појавија и шпекулации дека во борба за неговиот потпис се вклучил и Вест Хем. Јувентус со задоволство би го продал Манџукиќ за десет милиони евра. Хрватот за „Старата дама“ одигра 162 натпревари и постигна 44 гола.