Многу и долго се шпекулираше за иднината на Марио Манџукиќ, но искусниот хрватски напаѓач и по летниот трансфер период и понатаму е член на Јувентус.
Сепак, Манџукиќ не е задоволен од третманот и статусот во Јувентус, но сеедно во текот на летото одбил неколку понуди за трансфер. Некои управници на клубот, наводно, го убедиле да остане, тврдејќи му дека ќе има важна улога во новата сезона. Но, ако може да судиме по она како што започна, ниту оваа сезона, Манџукиќ нема да биде задоволен од минутажата, статусот…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изгледа дека тоа го сфати и самиот Манџукиќ, кој го нема ниту на списокот за играчи на Јувентус во Лигата на Шампионите, па и се предомисли. Ако може да веруваме на последните шпекулации, 33-годишниот напаѓач ќе бара од Јувентус да го продадат уште во јануари. Се верува дека Манчестер и понатаму е заинтересиран за неговите услуги и токму „Олд Трафорд“ би можел да биде следната дестинација.
Манџукиќ е под договор со Јувентус до 2021. година, па јасно е дека „Црвените ѓаволи“ ќе мораат да платат надомест за неговиот трансфер. Сепак, доколку Јувентус го пушти, цената за Јунајтед би била поднослива.