Италијанскиот селектор Роберто Манчини предизвика бура од реакции со фотографијата која ја објави на неговото Инстаграм стори.
Темата на сторито беше коронавирусот кој се уште не запира, а во последните два дена во Италија починаа повеќе од 200 лица. Познато е дека Италија беше една од најпогодените земји во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На спорната фотографија која Манчини ја објави се гледаат доктор и пациент. Докторот го прашува пациентот како се заразил, а тој одговара: „Гледајќи вести“.
Ваквата негова објава предизвика реакции затоаш тоа се сметаше како непочитување кон кон болните и жртвите од Ковид-19. Манчини потоа и се извини.
„Едноставно објавив фотографија која изгледаше дека вади драма од сложениот момент. Тоа е се. Не постоеше никаква темелна порака или нешто слично. Немав намера да покажам непочитување кон болните и жртвите од Ковид-19. Ако така испадна тогаш се извинувам“, изјави Манчини.